Теарце гласа

Од:

Утрово во 7 часот беше отворено гласачкото место 2011 во основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“ во општина Теарце каде се прегласува откако Управен суд одлучи да го поништи гласањето во ова тетовско село.

Изборниот молк кој започна во петокот на полноќ ќе трае до затворање на избирачкото место во 19 часот.

На терен се присутни и претставници на граѓанската асоцијација „Мост“ и невладината „Цивил“ кои го набљудуваат изборниот процес.

Полицијата вчера уапси две лица кои поткупувале гласачи да не излегуваат на гласање во Теарце. Тие биле пријавени во полицијата од жители на Теарце кај кои дошле и им нуделе до 500 евра да не излегуваат на гласање и не ги зеле парите. Двете пријавени лица кои се од Теарце, поткупувале гласачи во изминативе два дена и според неофицијални информации има податоци каде завршиле пари во висина од 100 до 500 евра во изминативе деови.

Во Теарце на избирачкото место 2011 се запишани 714 гласачи. Гласањето на ова избирачко место може да влијае во распределба на мандатите.Државната изборна комисија пред четири дена едногласно донесе одлука за прегласување во Теарце бидејќи симулацијата направена од ИТ-секторот покажала дека прегласувањето може да влијае на резултатот од изборите, односно на бројот на освоени мандати на политичките партии во шестата изборна единица.

Од комисијата информираа дека гласачкото ливче во Теарце е исто како и пред две недели, со 11 кандидатски листи.

Причината за поништување на гласањето е бидејќи било утврдено дека од кочанот со гласачки ливчиња недостигало едно ливче, кое потоа, со дел од кочанот, било пронајдено во гласачката кутија. Освен тоа, во доверливиот гласачки материјал недостига и образецот број 15.

На избирачкото место 2011 во Теарце во Избирачкиот список се запишани вкупно 714 гласачи, а на гласањето на 11 декември излегоа 404 избирачи.

Би можело да ве интересира

Директор на основно училиште во Теарце ја вработил ќерката, ДКСК бара поведување на прекршочна постапка

А1он

Пронајдени околу 100 стебла канабис во нива кај Теарце

Споменик на гравот во Теарце

Катерина Ѓуровски

Пендаровски во Теарце: Да продолжиме заедно напред кон членство во НАТО, тоа носи сигурност и стабилнот, но и бројни економски придобивки за сите граѓани

Ахмети од Теарце: Со Договорот од Преспа се отвораат вратите за НАТО и ЕУ

Наум Локоски

Денови на гравот во Теарце

Наум Локоски