И покрај тоа што се емитувани само четири епизоди од „Планета земја 2“, Би-Би-Си соопшти дека овој документарен филм е убедливо најгледаната програма меѓу младите луѓе, оставајќи ги зад себе реалните шоу како што е „Х-Фактор“.
Спектакуларниот документарен серијал на Би-Би-Си, секоја недела привлекува 1,4 милиони гледачи на возраст меѓу 16 и 34 години, односно 100 илјади повеќе од Х -Фактор, пишува Дејли Телеграф.
Планета земја 2 се емитува во ист термин како и Х-Фактор (недела во 20 часот), а документарецот просечно го следат дури 12 милиони луѓе, во однос на реалната програма, која е гледана од седум милиони.
Телеграф истакнува дека по се изгледа младите луѓе се повеќе заинтересиани за прекрасната документарна програма на британскиот јавен сервис и легендарниот Дејвид Атенбороу, која се занимава со животинското и растителното царство отколку за реалното шоу.