Тренерот на Барселона, Луис Енрике го пофали Лионел Меси по одличната игра во победата над Манчестер Сити синоќа во рамките на 3. коло од Лигата на шампионите.
Меси се врати по повредата, а веќе во вториот меч по паузата постигна „хет трик” во триумфот на „Камп Ноу“ од 4:0.
– Меси беше инволвиран во сите беа клучните моменти од натпреварот. Тој играше како да е во школски двор, а не му беше битно ни тоа што само што закрепна од повредата. Едноставно тоа е Меси, изјави Енрике на конференцијата за медиумите по натпреварот со премиерлигашот.
Барселона по трите кола во елитното фудбалско натпреварување има максимални девет бода.