ФОТО: Миноски го прекрши Пржинскиот договор, не пушта пари на Агенцијата за медиуми

Од:

Агнецијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги се уште нема добиено пари од Министерството за финансии. А1он дојде до дописот што Агенцијата го испрати до министерот Кирил Миноски во која го потсетуваат дека исплатата требаше да ја изврши до 12 октомври, но парите ги нема и два дена по истекување на рокот.

aavmu-mf-1

“Ве потсетуваме дека на 02.09.2016 година преку Допис ви испративме барање за одобрување финансиски средства за реализација на активностите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за изборните активности во 2016-та година, во кое точно се наведени сите ставки за кои е поднесено барањето, додека во дописот на 07.09.2016 година ве известивме за реактивирањето на сметката за реализирање на изборните активности по повод предвремените парламентарни избори“, стои во допсиот од ААВМУ.

Како што наведуваат во дописот, согласно Пржинскиот договор, агенцијата има активности 100 дена пред изборите, со што Министерството за финансии го прекршува договорот на партиите и се доведува во прашање спроведувањето на изборите.

aavmu-mf-2

Од ААВМУ го известуваат Миноски дека за овој проблем ќе бидат известени четирите партии, како и гаранторите на договорот, Амбасата во САД и Делегацијата на ЕУ во Македонија.

Би можело да ве интересира

Куба: Од утре, повеќе немаме гориво за авиони

Анкета на Gallup International Association: Во Македонија Трамп има 48%, а Путин 41% поддршка, регионот поделен

Предраг Петровиќ

„Ве молиме вратете ни ја нашата мајка“ – ТВ водителка јавно им се обрати на киднаперите кои побараа милиони долари во криптовалути

Бабиш ја повикува Европа да започне мировни преговори со Путин

Трамп условува воена помош: Повеќе инвестиции во одбраната за пристап до американско оружје

Трамп го избриша видеото на кое Барак и Мишел Обама беа прикажани како мајмуни

Предраг Петровиќ