Најстариот човек на светот ја прослави својата Бар Мицва

Од:

Моментно најстариот човек на светот, конечно ја прослави својата Бар Мицва – сто години подоцна отколку што е тоа вообичаено.

Израел Кристал, кој има 113 години, ги има преживеано двете светски војни и Аушвиц. Кога имал 13 години, тој ја пропуштил можноста да го обави ритуалот со кој кај Евреите се означува верското полнолетството, бидејќи токму тогаш Првата светска војна била во својата кулминација.

Викендов, сто години подоцна, таа неостварена желба му се исполни.

Израел Кристал 2

– Беше презадоволен додека ја рецитираше традиционалната еврејска молитва на благодарноста, опкружен со најблиските. Неговите деца, внуци и вкупно 30 правнуци се собраа за да ја одбележат церемонијата, изјави неговата ќерка Шуламит Куперстох.

Претходно годинава, тој од Гинисовата книга на рекорди доби и сертификат на најстариот човек на планетата.

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ