Во Бугарија почнува со работа новата гранична служба на ЕУ

Од:

Новата гранична служба на Европската унија, која ќе ја замени досегашната Агенција за контрола на надворешните граници – Фронтекс, денеска официјално ќе почне со работа во Бугарија.

Како што соопшти Европската комисија. официјалниот старт на работата на новата гранична служба ќе го означи еврокомесарот за внатрешни работи Димитрис Аврамопулос.

Според најавите од Брисел, припадниците на новата служба ќе бидат распоредени на бугарската граница кон Турција, преку која минуваат главните канали за илегален влез на мигранти во ЕУ.

Главна задача на службата ќе биде обезбедување на надворешните граници на ЕУ во услови на нестабилна ситуација поврзана со безбедноста и миграцијата, соопшти Еврокомисијата.

Процесот за формирање на службата траеше околу девет месеци од предлогот за нејзиното основање од Европскиот парламент и од Советот на ЕУ.

Граничната служба ќе извршува постојана оценка на слабите места на надворешните граници и ќе располага со постојан контингент од 1.500 европски граничари, подготвени за брза реакција.

Припадниците на службата ќе учествуваат и во операции за екстрадиција на мигранти, кои незаконски влегле во ЕУ, како и на странци, кои без дозвола престојуваат во Унијата.

Би можело да ве интересира

ЕУ донесе нов правилник за Шенген и гранична контрола

Горан Наумовски

Дејвид Гир од Тетово: Сакаме да работиме со сите кои го унапредуваат патот на земјата кон ЕУ

Пронајдени тела на четворица мигранти, спасени 52 лица во близина на брегот на Тунис

30.000 деца-мигранти годинава се обиделе да го преминат смртоносниот Панамски теснец

11 лица од Непал сакале илегално да влезат од Македонија во Грција – депортирани се

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани