Малезија потврди денеска дека остатоците, кои биле пронајдени покрај Танзанија се од малезискиот патнички авион, кој исчезна во март 2014 година.
Боингот 777 на Малезиските авиолинии, кој сообраќаше од Куала Лумпур до Пекинг со 239 лица се изгуби од радарите по полетувањето.
Малезискиот министер за транспорт Лиоу Тионг Лај изјави дека остатоците ќе бидат подложени на дополнителна анализа, за да се утврди дали тие можат да дадат појаснување за исчезнувањето на авионот.
Делови од леталото беа откриени во јули минатата година на францускиот остров Рејунион во Индискиот Океан. Во моментот во тек е анализа на остатоци пронајдени во Мозамбик, во Јужна Африка и на островот Родригез.