Комити: Не сме ничии политички следбеници и платеници како медиумите кои шират дезинформации

Од:

Навивачката група Комити преку соопштение се оградува од текстовите на некои од медиумите, кои го искористија нивното име со цел да ги оцрнат СДСМ и опозицискиот лидер.

Сакаме уште еднаш по којзнае кој пат да ја известиме јавноста дека не сме ничии политички платеници и потрчковци како медиумите кои шират дезинформации споменувајќи ја навивачката група Комити и искористувајќи ја во политички цели, велат од навивачката група Комити.

„Во изминативе неколку денови бевме споменувани во насловите на некои од интернет порталите и тв медиумите.
Забележавме дека името Комити е злоупотребено од страна на истите и дека се користи како предмет за политички препукувања.

Веднаш ги демантираме нивните измислени текстови и ги предупредуваме да не нѐ користат како алатка во нивните игри. Воедно сакаме да се оградиме од изјавата на “Стара гарда Комити” кои не се дел од навивачката група Комити.
Ние не сме политички следбеници, туку навивачка група која е слепа за партиските бои!

Сите наши соопштенија,реакции, деманти се објавуваат само на нашиот веб сајт www.komiti.org и на нашата фејсбук страна Komiti Skopje“, велат од Комити.

Би можело да ве интересира

Бугарската Фондација не се откажува: Вардар не искористи, влегуваме во Втора или Трета лига со 120.000 евра

A1on

Семејството на Саздовски и „Комити“ реагираат на намалените казни за сторителите на убиството

Жарко Настоски

ЗНМ и СЕММ го осудуваат односот на министерката Мизрахи кон „А1он“

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Целта на власта е да се намали масовноста на протестите на културните работници

А1он

Претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите го осудува нападот врз новинарската екипа на ТВ21

МАН: Осуда за нападот врз екипата на ТВ21, без одлагање да се санкционираат насилниците