Семејството на Саздовски и „Комити“ реагираат на намалените казни за сторителите на убиството

Од:

Семејството на убиениот Никола Саздовски и претставници на навивачката група „Комити“, денеска до Јавното обвинителство поднесоа жалба поради намалувањето на казните на извршителите на убиството од 19 на 16 години затвор.

– Максималната казна за ова дело е доживотен затвор, но за лица помлади од 21 година, односно доколку извршителите немаат 21 година во време на извршување на делото, не можат да бидат осудени на повеќе од 20 години. Зарем тоа не е доволно олеснителен момент за овие лица. Биле млади, зарем Никола беше стар. Зарем се двоиме во Република Македонија на млади и стари. Не, тоа не би требало да биде така. Затоа ние овдека дојдовме да изразиме еден мирен протест и револт. Доставивме на јавниот обвинител едно барање да го продолжи процесот да бара максимална казна од третостепениот суд, односно од Врховниот суд и се надеваме дека Врховниот суд тоа ќе го усвои, односно да ја потврди онаа 19-годишна казна што ја изрече првостепениот суд, изјави таткото на Никола, Тони Саздовски по поднесувањето на жалбата.

Никола Саздовски, припадник на навивачката група „Комити“ почина по бруталното претепување на 29 јуни 2018 година. За свирепо убиство на Саздовски беа осудени Бесир Беља и Скендер Демири, на по 19 години затвор. Апелацискиот суд минатиот месец им ги намали казните на 16 години.

Би можело да ве интересира

Комити им се заканија на Арсовска и на Славески: Исплатете ги парите или ќе се радикализираме

Бугарската Фондација не се откажува: Вардар не искористи, влегуваме во Втора или Трета лига со 120.000 евра

Орце Костов

​Муцунски и „Комити“: ФК Вардар добива нов спортски терен во Аеродром

Фудбалерите на Вардар останаа без плата, Комитите собираат пари: Цобе сите не изневери

Горан Наумовски

Со поддршка од „Комитите“, Вардар го почна походот кон враќањето во Првата лига

Жарко Настоски

Собрани над три милиони денари во акцијата „Купи билет за спас на Вардар“