Екстрадиран третиот обвинет за убиството на Саздо

Од:

Јетон Јужа, третообвинетиот за убиството на скопјанецот Никола Саздовски- Саздо член на навивачката група „Комити“, е екстрадиран од Германија. Јужа избега во Германија, а МВР веднаш го лоцираше, по што ги извести тамошните власти дека тој се наоѓа во Хамбург, а тие постапија по меѓународната потерница која беше распишана. Судската постапка што се водеше против Јужа за убиството на Саздовски беше прекината, а Обвинителството најави нејзино продолжување по неговата екстрадиција во Македонија. Јужа беше баран со потерница поради сторено убиство на свиреп начин.

„Против третото осомничено лице, за кое обвинителството исто така водеше истражна постапка за истото кривично дело како соизвршител заедно со двајцата сега обвинети, согласно член 300 од Законот за кривична постапка, надлежниот јавен обвинител донесе Наредба со која ја прекина истражната постапка. Имено, со оглед на тоа што трето осомничениот се уште е недостапен на државните органи, за ова лице за кое е распишана домашна и меѓународна потерница, истражната постапка ќе продолжи во моментот кога ќе биде достапно на државните органи“, објави Обвинителството пред две години, при поднесување на обвинението.

Саздовски беше убиен на 29 јуни 2018 година на автобуска постојка во Автокоманда. Две лица, Бесир Беља и Скендер Демири, во април минатата година беа осудени на по 19 години затвор.

„При нападот Саздовски доживеал тежок телесен и психолошки стрес, била предизвикана душевна болка што воопшто не ги засегнало сторителите. Истите биле свесни за болката која ја нанесуваат на оштетениот. Истовремено дејствувале 3 наспроти 1. Обвинетите кои биле психички здрави лица по падот во бессознание на Саздовски продолжиле со ударите. Изгубен е еден млад живот, одземено е основно човеково право. Штетата за членовите на семејството е ненадоместлива“, рече судијката Даниела Алексовска Стојановска при изрекување на пресудата.

Би можело да ве интересира

Случај „Саздовски” одбраната бара преквалификација на обвинението, обвинителство да се потврдат казните

Ана Ололовска

Јавна седница во Скопска апелација за случајот „Саздовски”

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Братот на Бесир Беља: Не ја прифаќаме пресудата, се уште нема правда во Македонија

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Таткото на Саздовски: Родителите да кажат каде е третиот осомничен кој е во бегство

Ана Ололовска

ВИДЕО: По 19 години затвор за убијците на Никола Саздовски

Ана Ололовска

Во Кривичен пресуда за убиството на 20-годишниот Никола Саздовски

Ана Ололовска