(ВИДЕО) Протестен марш на „Комити“ за Никола Саздовски: Решете го случајот или ние ќе решиме

Од:

Навивачката група „Комити“ излезе на протестен марш во чест на прерано починатиот член на групата, 21 годишниот Никола Саздовски кој по деветдневната кома предизвикана од физичкиот напад врз него од страна на три лица, на КАРИЛ им подлегна на повредите.

Протестниот марш започна на плоштадот во Автокоманда од каде групата се упати кон Основното Јавно Обвинителство и министерството за внатрешни работи.

Полицијата не ги пушти демонстрантите пред министерството за внатрешни работи, на што Комитите одговорија дека тие не се дојдени да бараат проблеми, туку да побараат од полицијата да си ја завршат работата.

– Ако не ја завршат тие работата, ќе ја завршиме ние, порачаа Комитите.

Навивачката група „Комити“ на денешниот марш за Никола Саздовски порачаа дека очекуваат обвинението да се смени од насилство во убиство.

– Решето го случајот или ние ќе го решиме. Бараме вистинска, а не селективна правда, порачаа тие.

Како што рекоа од „Комити“, во земјава се случуваат флагрантни и безобразни кршења на правдата и законите за политички интереси и побараа тоа да не се случи за овој случај.

– Бараме институциите на системот, полицијата, ОЈО и судството да ја спроведе правдата за одземениот живот на нашиот непрежален, Никола Саздовски – Саздо. Новинарите и медиумите објективно и непристрасно да пренесуваат информации и да не заташкуваат и предизвикуваат гнев и бес, рекоа од „Комити“ на протестот.

Пред демонстрантите се обрати и таткото на Никола Саздовски кој побара правдата да излезе на виделина.

– Револтот е огромен, но со ваша помош правдата ќе излезе на виделина. Да нема местенки, полицајците не се виновни така им е наредено, да не пуштаат. Барам од сите вас да завршиме мирно, за душманите да не кажат дека сме багра што не знае што сака. Ве замолувам 1 мин молк за Никола и мирно да се разотидеме, рече таткото на Никола Саздовски.

Навивачката група, вчера, во своето соопштение на социјалните мрежи ги повика сите граѓани кои се чувствуваат како Македонци од било кој дел на државата да дојдат заедно со своите семејства и пријатели и на мирен и достоинствен начин да го кренат гласот против неправдата.

– Да им докажеме на „европејците” дека ние сме различни и сме поцивилизирани од „другите”. Ве замолуваме на најдостоинствен и мирен начин да го изразиме нашето незадоволство за селективната правда и да се избориме за најстрога казна на сторителите на ова грозоморно дело, велат од навивачката група.

На протестот беа присутни и претседателот на Единствена Македонија, Јанко Бачев, како и претседателот на здружението Семакедонски конгрес Тодор Петров.

На маршот можеше да се забележи засилено полициско присуство.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пожар во куќа зад Универзална сала

Катерина Ѓуровски

Се судрија две возила, во сообраќајката повредена е малолетничка од Скопје

Комшија чува кокошки во зграда во Скопје, не знаат каде да пријават – законот јасен, ни маче и куче не смее да се чува на тераса

Анита Петровска Рајковиќ

Уапсени двајца скопјани затекнати како се дрогираат во стан на дилер од Скопје – уапсен и дилерот

Четири лица нападнале и тешко повредиле скопјанец

А1он

Сообраќајка во Скопје, тешко повреден пешак