„Комити“ за случајот со избодениот млад навивач: „Око за око-заб за заб“, доколку не се почитуваат кодексите

Од:

Навивачката група „Комити“ излезе со соопштение за немилиот настан кој се случи пред 2 дена во кој еден млад навивач на групата беше избоден кај „Рекорд“ додека се симнувал од автобусот број 57. Според навивачката група, овој грозоморен чин го извршиле три лица, Албанци од навивачката група „Шверцери“ од Чаир.

Поддржувачите на Вардар велат дека некои основни правила мора да се почитуваат во однос на контактот со други навивачки групи, но доколку продолжи ваквкиот однос и тие ќе почнат да го практикуваат истото па ќе биде, како што велат, „око за око – заб за заб“.

– Ваквите настани се секојдневни и се’ повеќе земаат замав и се косат против сите навивачки кодекси и правила. Но овие навивачки правила и кодекси за некои т.н. навивачи (ако може да се наречат и навивачи) не важат. Зарем некој треба да загине само затоа што навива за спротивниот клуб? Што ако и членовите на нашата навивачка група почнат да ги практикуваат нивните правила и да почнат да бодат со ножеви беспомошни деца и напаѓаат 10 против 1? Не е проблем, ќе ги заборавиме и ние сите тие навивачки кодекси и правила против сите оние кои сакаат така да играат и ќе одиме по принципот ’око за око – заб за заб’, па ќе го видиме крајот каков ќе биде, стои во соопштението на Комити.

Оттаму исто така обвинуваат дека МВР не превзема ништо во вакви ситуации кога млади Македонци се напаѓани и прободени со ножеви од страна на Албанци, додека пак кога ситуацијата е обратна, експресно се наоѓале сторителите.

– Само „се трага по сторителите“ и толку? Како може секогаш да се трага по сторителите кога се работи за вакви случаи кога Македонци се напаѓани, но кога е обратна ситуација, експресно да се наоѓаат сторителите, се вели во соопштението на навивачката група.

Би можело да ве интересира

Семејството на Саздовски и „Комити“ реагираат на намалените казни за сторителите на убиството

Жарко Настоски

Собрани над три милиони денари во акцијата „Купи билет за спас на Вардар“

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски

Скопјанец силувал и претепал жена во станот на неговата покојна мајка

Жарко Настоски