Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

Од:

МВР информира дека вчера попладне во 18:29 часот во СВР Битола е пријавено дека на патот Битола – Прилеп, кај место викано „Туланата“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел” со битолски регистарски ознаки, управувано од Е.Ф.(28) од с. Канатларци, прилепско и патничко возило „форд” со битолски регистарски ознаки, управувано од М.Н.(48) од с. Долно Српци, општина Могила.

На местото на настанот починала 17-годишна сопатничка од возилото „опел“, а смрт констатирал доктор од Итна медицинска помош Битола.

Возачот на возилото „опел“ Е.Ф., како и 44-годишната Д.Н. и седумгодишно дете од с. Долно Српци, сопатници во возилото „форд“ се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола, а со повреди се здобил и возачот М.Н..

Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.

Би можело да ве интересира

Исчезна 15 годишно девојче од Куманово

А1он

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина 30 годишна жена, тројца се тешко повредени

А1он

Уапсени се 13 лица во неколку градови во Македонија – пронајдени кокаин, марихуана и таблети

А1он

Тешко повредена пензионерка во маркет во Аеродром – ја турна непознато лице

А1он

Полицијата во Карпош уапси крадец на велосипеди

А1он

Возач излета од патот кај Трубарево, па заврши со „мерцедесот“ во двор – двајца се повредени

А1он