Седумдесет и три годишниот Ратко Младиќ на кого во Хашкиот трибунал му се суди за воени злосторства во Босна и Херцеговина се бори за живот, пренесува српски „Курир“.
На поранешниот командант на Главниот штаб на Војската на Република Српска, здравствената состојба значајно му се влошила, а му се заканува и опасност од мозочен удар.
На Младиќ му е парализирана десната страна од телото, едвај оди и говори. Има висок крвен притисок и шеќер, многу ослабнал и лошо изгледа. Потребно е лекарите итно да го прегледаат, а неговата одбрана бара тоа да го сторат руски експерти, вели извор за весникот
Со огледна тоа дека веќе имаше два мозочни удари и инфаркт, лекарите се загрижени за здравствената состојба.