(ВИДЕО) Според Чавков не е употребена физичка сила за време на изборот на студентски лидер

Од:

Министерот за внатрешни работи, Митко Чавков смета дека не е употребена физичка сила за време на изборот на студентски лидер.

Наредбата за распоредување припадници на Единицата за брзо распоредување ја издал командирот на полициската станица на полициското станишно подрачје на тој простор, а командирот е избран од Советот на општина Центар. Наредбите се носат на тактичко ниво и не треба да се мешаат политичкото и стратешкото ниво, рече Чавков во одговор на прашањето на пратеникот Стефан Богоев.

– Одговорно тврдам дека не е употребена физичка сила, со присуство на полициските структури е обезбедена заштита на младите луѓе независно од која страна биле, рече Чаковов иако снимките го покажуваат спротивното. Тој додаде дека во прва полициска станица во координација со службите на тактичко ниво биле определени единиците кои треба брзо да превенираат судир.

Тој кажа дека командирот на полициската станица ја проценува потребата кога има настани, не раководи со специјалните единици, но, подвлече, може да побара поддршка.

– За овој настан и за претходно споменатите настани во делот на протести или обезбедување протести или во делот на наводна примена на сила од страна на полицијата, тврдам дека полицијата на многу високо професионално ниво се справуваше со овие предизвици, иако според сите информации требаше да бидат воведени во сценарио на конфликт со граѓаните на РМ, изјави од говорницата министерот Чавков.

Чавков додаде дека до 2006 година не постоел Закон за полиција, до 2006 година имало уставна забрана за следење на комуникацијата, а по 2006 година се донеле многу европски законски решенија.

– Министерот за внатрешни работи е за спроведување политики во рамки на МВР и имаме разграничување на политичко, стратешко и тактичко ниво во остварувањето на МВР. Направени се квалитетни реформи кои го подигнаа капацитетот на МВР и во однос на донесување одлуки и координирање со полициските сили во однос на несењето одлуки на различни нивоа, истакна Чавков.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Вежба на ЕБР и „Волци“ за спасување повредени лица од тешко прооден карпест предел

A1on

Крводарителска акција на припадниците на Единицата за брзо распоредување

А1он

Чавков пренесен во приватна болница во Скопје, му се влошила здравствената состојба

Жарко Настоски

Чулев без оглас ја унапредил сопругата на Чавков за три скалила повисоко во МВР

Кристијан Ландов

Не помина иницијативата за амнестијата на Чавков пред Уствен

Васко Маглешов

Чавков доби негативно мислење од уставниот судија Стојановски за амнестијата за 27 април

Васко Маглешов