Прво, со име и презиме, кој ја издаде наредбата за тепање на студенти од страна на припадниците на ЕБР, Единица за брзо распоредување, на 30-ти јуни, оваа година, пред канцелариите на Студентскиот Парламент во Скопје, односно пред Студентскиот дом Кузман, праша пратеникот од СДСМ, Стефан Богоев.
– Во својот препознатлив ганстерски стил, ВМРО-ДПМНЕ преку своите насилници и послушници фалсификуваше студенти избори. Студентски избори без паравани и избирачки списоци, исполнети со фалсификат и насилство. Овие луѓе со темни наочари и бричени глави и златни синџири, како излезени од мафијашки филм, не се студенти туку вработени во јавни претпријатија во општина Битола и тие ги украдоа гласачките кутии. ВМРО уплашени од силината на студентите населно ги одземаат кутиите и повикаа специјални полициски сили да се спротивстават на студентите. За протест на 300 студенти имаше десетици полициски џипови, стотици припадници на ЕБР, оклопни возила хермелин опремени со митралез, небаре полицијата ќе пука во сопствените студенти. Ова не е реакција на министерство, на овој начин и со ваквата реакција партиската полиција го игнорираше крикот за помош на студентите, студентките беа згазени а студентите брутално тепани. Полицијата ја тепаше иднината на својата држава во заштита и одбрана на фалсификаторите на ВМРО-ДПМНЕ, рече Богоев.
Второ, колку пари од Буџетот, пари на граѓаните на Република Македонија беа потрошени за таа акција во којашто полицијата под ваша команда тепаше студенти на 30.06.2016, во доцните ноќни часови, пред канцелариите на Студентскиот Парламент во Скопје, го праша Богоев министерот за внатрешни работи, Митко Чавков.
Александар Тодески