Хрватска не и даде согласност на Србија за отворање на 23-то поглавје

Од:

Работната група на ЕУ за проширување го заврши денеска состанокот без согласност на Хрватска, за Србија да го отвори 23-то поглавје во преговорите, изјави за Танјуг шефот на преговарачкиот тим Тања Мишчевиќ.

Хрватската претставничка „немала инструкции“, таа точка е симната од дневниот ред.

– Разговорите ќе продолжат наредната седмица, рече Мишчевиќ.

Хрватска не даде согласност за извештајот за исполнетоста на мерилата за негово отворање.

Холандија, како претседавач на ЕУ, соопшти оти е подготвена да организира отворање на поглавјето на 20 или 21 јуни, јави РТС.

Официјален Загреб во последните денови во повеќе наврати најави ваков исход. Хрватска, имено, очекува од Србија со измените на законот да ја укине регионалната надлежност на својот суд за воени злосторства, да бара гаранции за застапеноста на хрватското малцинство во Собранието и соработка со Хашкиот суд.

Извори во Европската комисија, изјавиле за РТС дека ниту едно од тие барања нема директна врска со содржината на поглавјето 23, и оти секако би било погрешно да се блокира Србија на самиот почеток на преговорите кои допрва треба да дадат резултати во областа на владеењето на законот.

Во ЕК наведуваат и дека 11 членки на ЕУ имаат слични закони за универзална надлежност на судовите за воени злосторства, поради што нема основа укинување да се бара и од Србија.

За да продолжат подготовките за отворање на 23-то поглавје, потребна е едногласна одлука на сите земји.

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион