Српската полиција ќе формира специјални тимови за сузбивање избор на кражба

Од:

Министерот за внатрешни работи на Србија Небојша Стефановиќ најави денеска дека ќе бидат формирани посебни полициски тимови со единствена задача – на денот на изборите на 24 април да сузбијат секаква можност за изборна кражба.

– Тие можеби нема да изгледаат на полицајци, но кога ќе им стават на луѓето лисици на рацете и тоа како ќе им изгледаат на полицајци, изјави Стефановиќ пред просториите на Српската Напредна Партија од чии редови доаѓа.

Стефановиќ најави дека МВР интензивно работи и во наредниот период да се сузбијат сите видови криминал, пренесува „Блиц“.

– Сакаме луѓето да се чувствуваат сигурно и безбедно, да не се плашат дека ќе им исчезне велосипедот а не пак автомобилот, но исто така оние кои некогаш обавувале јавни функции да не мислат дека само затоа што изминал нивниот мандат сега се безбедни доколку го прекршиле законот, изјави српскиот министер. 

Би можело да ве интересира

Силно невреме во Белград, паѓа град со големина на орев, дождот ги поплави улиците

A1on

Земјотрес на југот на Србија

Белград: Синот кој ја нападна својата мајка е непресметлив, задржан е во затворска болница

Таткото го убил во ходникот, а бабата и дедото додека гледале ТВ

Хорор во Књажевац: Млад човек со ловечка пушка си го уби целото семејството

Предраг Петровиќ

Прелиминарни резултати од изборите во Белград: СНС освои 64 мандати

A1on