Си-Ен-Ен – Атланта
Армијата на САД троши милиони долари на напредни импланти кои ќе му овозможат на човековиот мозок да комуницира директно со компјутери.
Ако ова успее, киборзите ќе станат реалност.
Истражувачкиот оддел на Пентагон, Агенцијата за напредни истражувачки проекти за одбрана (ДАРПА) се надева дека имплантите ќе им овозможат на луѓето директно да се поврзат со комјутери, што може да им помогне на лицата со физички и визуелни недостатоци, како што се ветераните повредени во борби.
– Целта на предложениот имплант е „да се отвори канал меѓу човековиот мозок и модерната електроника, вели Филип Алвелда, програмски директор на ДАРПА.
Во јануари, ДАРПА ги најави своите планови да потроши до 62 милиони долари на проект кој е дел од програмата за дизајнирање на системи за невролошки инженеринг.
– Имплантот би бил малечок – но поголем од еден кубен сантиметар, или приближно со големина на две споени монети од пет центи, вели извор во ДАРПА.
Имплант направата е со цел да се конвертираат невроните во мозокот во електронски сигнали и да обвозможат несекојдневна „широкопојасна размена на податоци помеѓу човековит мозок и дигиталниот свет“, стои во изјавата на ДАРПА со која се најавува новиот проект.
ДАРПА го смета имплантот како основа за нови терапии кои можат да им помогнат на луѓето со оштетувања на видот или слухот, со „креирање на дигитална звучна или визуелна информација во мозокот“.
Портпарол на ДАРПА за Си-Ен-Ен изјави дека прогамата не е наменета за воена апликација. Но, некои експерти го сметаат таквиот имплант како потенцијал за бројни други апликации, вклучувајќи ги и воените, на полето на роботиката која може да се носи – која има за цел да ги засили и обнови човековите перформанси.
Конор Волш, професор по механика и биомедицински инженеринг на Универзитетот „Харвард“ за Си-Ен-Ен изјави дека имплантот би ја „сменил играта“ и додаде дека „во иднина роботските направи кои ќе можат да се носат ќе бидат контролирани со импланти“.
Волш во се го гледа потенцијалот на роботиката во имплантите егзоскелетони, почнувајќи од помош за медициснки пациенти да се опорават од мозочен удар до подобрување на капацитетите на војниците во битки.
Восјката на САД во моментов развива егзоскелетон кој се напојува со батерии – лесна униформа на оператор за тактички напади, за да се овозможи врвна заштита од непријателски оган, како и технологии вградени во шлемовите кои ќе ги засилат комуникациските способности на корисникот и неговиот вид.
Развојот на ваквата униформа се надгледува од Специјалната операциска команда на САД.
Но, Стивен Пинкер, когнитивен научник и професор по психологија на „Харвард“, е скептичен во врска со предожената иновација и ја нарече идејата „куп фантазија без никакви резултати“.
Тој за Си-Ен-Ен вели дека „има малку или воопшто нема идеи како мозокот ги кодира комплексните информации“ и ги наведува проблемите од ндворешни објекти како распалуваат воспаленија на мозокот кои можат да предизвикаат сериозни невролошки проблеми.
Пинкер ги опишува „невролошките подобрувања“ за здравиот мозок како „бесмисленост“, но исто наведува дека е можна и извесна корист за луѓе кои страдаат од болести поврзани со мозокот, како што се амиотрофска латерална склероза (АЛС), позната и како Лу Геригова болест.
Во својата најава, ДАРПА признава дека имплантот се уште е далеку од реалност и со напредувањата во невронауката, синтетичката биологија, нисконапонската електроника, фотониката и производството на медицински направи ќе бидат предуслов за оваа направа да биде користена.
ДАРПА планира да ангажира различни тимови научници во обидот да се забрза развојот на проектот, стои во изјавата со која се најавува овој проект.
Пинкер останува скептичен, но за Си-Ен-Ен сепак рече: „Јас сметам дека е тоа залудно трошење пари од даночните обврзници“.