Дачиќ и Бушати се заложија за нормализација на меѓусебните односи

Од:

На маргините на втората трилатерална средба Албанија-Италија-Србија, одржана во Тирана шефот на албанската дипломатија Дитмир Бушати имаше одвоена средба со српскиот вицепремиер и шеф на дипломатијата Ивица Дачиќ, јави дописникот на МИА од Тирана.

На средбата било посебно потенцирана потребата од нормализација на меѓусебните односи.

– Да ги омекнеме нашите односи од политичка страна и да продолжиме со нашите проекти и во тој контекст очекуваме спроведување на сите проекти за кои разговаравме на средбата, вклучувајќи ги тука и канцелариите за млади и размена на студенти. Навистина посакуваме сите разлики кои постоеа меѓу нас да ги оставиме зад нас и да најдеме заеднички именител, истакна Дачиќ по вчерашната средба.

Што се однесува до Заедницата на српските општини во Косово, Дачиќ изјави дека тоа е значаен елемент од договорот и оти очекува набрзо да се спроведе договореното.

– Двете страни треба да бидат одлучни во тој процес. Заедницата е еден значаен елемент од договорот и јас очекувам во наредните недели да го спроведат она што го договорија. Србија беше конструктивна во овој дијалог, изјави Дачиќ.

Инаку на трилатерлната средба на која учествува и шефот на италијанската дипломатија Паоло Гентилони, станало збор за зајакнување на трговските односи со Србија и реализација на проектите договорени во Виена. Италија, рекол Гентилони, е главен партнер за двете земји, кој ќе даде конкретна помош. Тие разговаралe за повеќе прашања меѓу кои и безбедноста во регионот, договорите за енергетика и гас, меѓународниот тероризам и борбата против насилниот екстремизам, како и бегалската криза.

По трилатералната средба во Рим и оваа во Тирана, наредната ќе биде во Белград, која според Дачиќ ќе се одржи на есен.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Нови детали од последните часови на несреќната Алма која со трите деца се удави во реката Бојана

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски