Камерун: Борците на Боко Харам убија 1.200 луѓе

Од:

Борците на нигерската исламистичка група Боко Харам од 2013 година досега во Камерун убиле 1.200 луѓе, соопштија денеска камерунските претставници.

Министерот за комуникации на Камерун, Иса Чирома Бакари пред новинарите изјави дека Боко Харам во тој  период извеле 315 напади во пограничниот регион и  32 самоубиствени бомбашки напади.

– Вкупно 1.098 цивили, 67 војници и тројца полицајци се убиени во овие варварски напади на терористичката група Боко Харам, наведе Бакари.

Од јули минатата година, северниот дел на Камерун се најде на мета на серија напади за кои се обвинува Боко Храм, која се приклони кон Исламската држава, потсетува Танјуг.

– Нашите одбранбени и безбедносни сили им нанесоа тешка загуба на непријателите, истакна Бакари.

Камерунскиот министер за комуникации истакна дека Боко Харам е толку ослабнат што сега ги избегнува бомбашките напади кои често ги изведуваат жени или девојки.

Би можело да ве интересира

Скандал-исчезнаа две ракометарки на Светското првенство

Предраг Петровиќ

Шест лица загинаа во напад во Камерун

А1он

Упад на Боко Харам во затвор во Абуџа, избегаа околу 300 затвореници

Ана Ололовска

Во Камерун за една недела од колера починале 29 лица

На аеродромот во Тирана запленети над милион фалсификувани евра, уапсен Камерунец

А1он

За два месеца во Камерун од колера починале 32 лица

А1он