Комплетниот персонал во еден хотел се роботи, луѓето само ги надгледуваат. Тоа не се случува во некој научно-фантастичен роман, туку во јапонскиот град Сасебо. Хотелот има име „Henn-na Hotel‟, што во превод од јапонски значи „Чуден хотел‟. Сепак, такви работи нема да ги сметаме за чудни за кратко време…
Дали роботите ќе ги заменат работниците? Постојат се повеќе примери кои укажуваат дека оваа визија наскоро може да стане реалност.
Роботите веќе долго се користат во производството, многу се постигна и во областа на медицината, а се почесто ги менуваат луѓето во опасни средини.
Експертите од областа на роботиката истакнуваат дека целта на идниот развој на роботите пред се е нивно користење во секојдневниот живот, во интеракција со луѓето.
Еве нов пример кој целосно се вклопува во таа тенденција, хотел чие целосно функционирање се темели на роботи.
Како што може да се претпостави, идејата за хотел со роботски персонал настанала во Јапонија, која веќе со децении е лидер во роботската технологија.
Значењето на оваа технологија го препозна и јапонската влада, која роботиката ја сврсти во клучни домени на идниот развој на Земјата на изгрејсонцето. Мора да се признае дека идејата за примена на роботите во хотели не е нова, имало и порано роботи рецепционери, вратари и чистачи…, но ова е прв хотел во светот во кој целиот персонал е роботизиран.
Всушност, учеството на роботите во функционирањето на овој хотел е остварено со 90 отсто, услуги кои се пружаат на гостите во хотелот, додека преостанатите 10 отсто сепак се предвидени за луѓе.
Уделот на луѓето пред се се однесува на обезбедување на сигурност на гостите и послугата. Со помош на многу камери тие постојано ги надгледуваат сите настани, водејќи сметка безбедноста на гостите да не биде загрозена на ниту еден начин, но и неодговорни гости да не ги оштетат роботите кои се скапи. Бидејќи реализацијата на точен и атрактивен роботски персонал не е ни малку ефтина.
Хотелот со киборг персонал е наречен „Чуден хотел‟. Изграден е во рамки на комплексот на тематскиот парк Huis Ten Bosh („Куќа во шума‟), во градот Сасебо во близина на Нагасаки. Го дизајнирале експерти од Институтот за индустриски науки на Универзитетот во Токио и компанијата Којима.
Освен подразбирање на комфорт и задоволство кое се пружа на гостите, целта е и реализација на футуристички, забавен, економичен и ефтин хотел.
Хотелот официјално е отворен на 17 јули ова година, а за сега реализацијата е делумна – 72 соби; во текот на 2016 година вкупно се планираат 144, дуплирање на капацитетите на собите.
Понудени се еднокреветни и двокреветни соби, по цена од 7.000 јени (57 долари) за еднокреветна и 9.000 јени (73 долари) за двокреветна соба.
За условите во Јапонија тоа е ниска цена, во подобрите хотели таа е два до три пати поголема. Гостите целосно ги опслужува персонал од десет роботи, рецепционери, носачи, гардеробери, собари и чистачи.
Киборг песронал
Експертите од областа на роботиката истакнуваат дека целта на идниот развој на роботите е нивно користење во секојдневниот живот во интеракција со луѓето/
Првата средба со гостин во хотелот се остварува на рецепција, каде го чекаат мали хуманоиди, киборг девојка и диносаурус. Рецепционерите на гостите прво им посакуваат добредојде, а потоа го информираат за најважните податоци за хотелската услуга и пријавувањето.
Во комуникацијата се многу љубезни и срдечни. На крај, го упатуваат гостинот на компјутерски терминал со екран чувствителен на допир да ги внесе потребните податоци, да ја потврди резервацијата и да плати сметка. Алтернативно, ако гостинот не сака комуникација со рецепционер (што секако е редок случај), пријавувањето и одјавувањето може да се изврши автоматски.
Киборг девојка – рецепционерот е актроид, кој го направи познатата јапонска роботска компанија Кокоро.
Името го добила по познатата книга за транзиција на општеството од традиционално во модерно. Таа ги развива актроидите од 2003 година, тоа се хуманоидни роботи моделирани по пример на манирите и изгледот на млада Јапонка.
Со мимики го емитираат однесувањето на луѓето, дишењето и трепкањето со очите. Течно зборуваат јапонски, кинески, корејски и англиски јазик. Притоа знаат како со соговорникот да воспостават пријателски контакт и да го усогласат тонот и гестикулацијата со содржината на тоа што го зборуваат.
За пренос на багажот до собата или од неа, задолжени се роботи носачи. Тоа се подвижни платформи за багаж кои спретно се вртат по ходниците во хотелот.
На врвот имаат екран (touch screen) со апликација во која се внесува бројот на собата во која багажот треба да се однесе.
На тој начин истовремено играат улога на собар кој гостинот го придружува до неговата соба. Целиот тој простор (холот, ходниците, собите, тоалетите) во совршена состојба го одржуваат роботи чистачи.
За сместување на багажот непосредно пред процедурата за пријава на гостите или по одјавата, служи гардероберот (стаклен простор во еден агол од хотелот), а за негово функционирање е задолжен робот гардеробер.
Тоа е всушност голема роботска рака, какви што до сега обично се користат во производството. Багажот се сместува во шкафови т.е. фиоки. Кога гостинот ќе влеззе до шалтерот на гардеробата, роботот ја зима првата слободна кутија и ја става на пултот.
Гостинот во неа го става својот багаж, а роботската рака ја враќа кутијата на соодветно место во шкафот.
High tech хотелски соби
Освен роботи, хотелот има и многу други high tech карактеристики: паметен киоск за пијалоци и храна, а во собите се влегува со користење на систем за препознавање на лица.
Уште на рецепција, по пријавата на нов гостин, токму поради автоматското препознавање се прави дигитална фотографија на гостинот.
Со тоа е елиминирана потребата за користење на клучеви или IC картици кои лесно можат да се изгубат.
Сепак, ако гостинот од било која причина не сака да го користи овој систем, му се дава можност во својата соба да влезе на класичен начин, со користење на картица.
По влегување во собата, гостинот го чекаат нови high tech поволности кои ќе му обезбедат пријатен престој во овој „чуден‟ хотел.
Со нив може да управува и самиот гостин со користење на таблет терминал кој се наоѓа во секоја соба. Тој се користи за комуникација со рецепцијата, за добивање на сите информации за услугите и функционирањето на хотелот, како и за разни видови на забави Интернет, ТВ, итн. Тука е и малиот собен робот (churry Robo) со кој се комуницира со глас и од кој се добиваат информации за точно време, временска прогноза, да му се дадат инструкции да го вклучи или исклучи светлото, или да го дефинира времето за будење.
Зад цела оваа приказна стои тим од јапонски експерти кој го предводи Хидео Савада, човек кој се наоѓа на чело на комплексот Huis Ten Bosch. Савада истакнува дека користењето на роботите не е маркетиншки трик, атракција која треба да привлече гости, туку реална потреба да се искористи современата технологија и да се оствари ефикасност во комплетното функционирање на хотелот.
„Ќе направиме најефикасен хотел во светот‟ – вели Савада.
Тој планира наскоро во Јапонија да отвори уште еден таков хотел, а подоцна тоа може да се случи и на некоја друга локација во странство…