Хрватското МНР остро протесираше кај Словенците за оградата на границата

Од:

Хрватското Министерство за надворешни и европски работи на вршителот на должноста словенечки амбасадор во Загреб му врачи остар протест заради оградата од бодликава жица што Словенија ја стави на еден дел од хрватска територија со цел да се воведе контрола на мигрантите, јави Хина.

Словенија е повикана во најкус рок да ја отстрани оградата, се наведува во соопштението.

Станува збор за регион што самата словенечка држава, од свои официјални извори, го посочува како територија на Хрватска, се подвлекува во соопштението.

При вчерашното кревање на оградата од бодликава жица на границата со Хрватска словенечките војници навлегоа во хрватска територија во реонот на Сутла и на местото беа испратени сили за брза интервенција на хрватската полиција, информира хрватскиот министер за внатрешни работи, Ранко Остоиќ.

– Ќе ги предупредиме дека навлегле на хрватска територија и ќе им кажеме да ја преместат оградата. Ако не го направат тоа ќе испратиме нота, а потоа физички ќе ја преместиме оградата, изјави синоќа Остоиќ.

По преговорите на високи полициски претставници на двете земји на границата, хрватски сили за брза интервенција беа повлечени.

Хрватските медиуми информираат дека ситуацијата од двете страни на границата била многу тензична, бидејќи и од словенечка страна имало педесетина членови на полициските сили за брза интервенција.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик

(ВИДЕО) Хрватска еуфорично го пречека Бејби Лазања: Ние сме деца кои се направија сами