Пратениците во парламентот на шпанската покраина Каталонија денеска треба да гласаат за предлогот на сеционистичките партии, кои имаат мнозинство гласови, за планот за независност од Шпанија до 2017 година.
Оваа иницијатива шпанската централна Влада ја смета за неуставна, а Владата на премиерот Маријано рахој најави дека доколку предлогот биде усвоен, ќе преземе законски мерки да го оспори. Почетокот на расправата пред гласањето е закажано за денеска во 10 часот.
Иако каталонските ограноци на владејачката шпанска Народна партија и Шпанската социјалистичка работничка партија вложија жалби за да го спречат денешното гласање, шпанскиот Уставен суд во четвртокот пресуди дека тоа може да се одржи.