Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Од:

Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска пред новинарите изјави дека Шпанија ќе ја признае независноста на Палестина до јули, а дека и другите земји ќе го сторат истото во наредните месеци, пренесе шпанската новинска агенција ЕФЕ.

Санчез е на блискоисточна турнеја, која ќе опфати посети на Јордан, Катар и Саудиска Арабија. Во текот на првиот ден, тој неформално разговараше во Аман со шпанските новинари, на кои им рече дека неговата левичарска влада има намера да ја признае Палестина во следните три месеци и дека наскоро може да се создаде „критична маса“ во рамките на Европската униј и дека и други земји би го направиле истото.

На 22 март, Санчез разговараше во Брисел со премиерите на Ирска, Словенија и Малта, кои најавија признавање на Палестина „кога ќе се создадат соодветни околности“.

Израел им порача на овие земји дека го „наградуваат тероризмот“ и дека тоа ќе ги намали шансите за преговори за ситуацијата во Појасот Газа.

Во заедничката декларација во ноември, Европската унија и арапските држави изјавија дека единственото можно решение за конфликтот е со две меѓусебно признати соседни држави. Израел го отфрла тоа решение и продолжува со окупацијата на Западниот Брег и опсадата на Појасот Газа.

Палестина досега ја признаа 139 земји во светот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Се смирија палестинските фракции, Хамас и Фатах потпишаа договор

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Израел нареди евакуација од хуманитарната зона

ВИДЕО: Голема експлозија по напад со дрон во Тел Авив, една жртва и 10 се повредени

Хамас се повлекува од преговорите за примирје во Газа

(ВИДЕО) Ердоган: Нема соработка на НАТО со Израел додека нема мир во Палестина

ВИДЕО: Гневните жители на Барселона ги прскаа туристите со вода