Докажано е дека децата кои од најрана возраст почнале со учење на странски јазик, најлесно го совладуваат.
– Детскиот мозок е флексибилен, прима информации со леснотија. Децата несвесно ги запомнуваат звуците, зборовите и шаблоните. А притоа учењето на странски јазик дополнително помага во развој на детскиот мозок, посочи професорката по француска книжевност, Кристина Грујиќ, која има големо искуство во работата за менталниот развој на децата.
Таа наведува дека децата имаат одбивност кон пишување на домашни задачи и учење, а голема желба за игри и забава. Најдобар метод е родителите и наставниците да го убедат детето дека учењето е подеднакво добро колку и играта.
Грујиќ потенцира дека е заблуда оти детето треба да почне да учи странски јазик пред да го совлада мајчиниот, тоа најчесто може да предизвика контраефект. Не постои точно одредена возраст кога детете треба да почне да учи странски јазик и таа одлука ја носи родителот.
Децата странскиот јазик треба да го учат низ игра, боење, цртање, слушање на странски песнички и слично.