Македонскиот претставник во ФИБА Еврокупот, екипата на Куманово синоќа пред своите навивачи ја забележа првата победа во ова натпреварување. Куманиовци беа поуспешни од финската екипа КТП со 88:78.
Најзаслужни за историскиот прв триумф на европската сцена беа Александар Костовски со 25 поени, пет скока и шест асистенции и Урош Луковиќ со 24 поени и 10 скокови.
Ова беше дуел од 2.коло.
Куманово сега има биланс од една победа и еден пораз исто како и следниот негов ривал Роса Радом од Полска. Лидер во групата е турски Турк Телеком, а без победа по двете средби е КТП.
Во следната фаза одат двете првопласирани екипи.