Роботи за четвртата индустриска револуција

Од:

Танјуг – Белград

Јапонија почна да го забрзува развојот на роботиката, со цел да стекне предност над другите водечки економии, меѓу кои се САД и Германија, бидејќи тоа е услов за спроведување на четвртата индустриска револуција.

Тоа е истакнато на неодамнешниот симпозиум за иднината на роботиката, одржан во Меѓународниот изложбен центар во Токио, на кој присуствуваа над 1.000 луѓе.

Мерењето на температурата на телото и крвниот притисок, преку зглобовите кои се потпрени на интернет терминал, веќе е достапно, а во иднина ќе биде можно контактните леќи преку читање на солзите, да го измерат нивото на шеќерот во крвта, рече поранешниот потпретседател на „Гугл“, Норио Мураками.

Покрај тоа, единствениот киборг костим, способно да чита мозочни бранови, на луѓето со оштетен рбетен мозок ќе им овозможи повторно да стојат, рече тој.

– Светот е на прагот на четвртата индустриска револуција, условена од роботиката и вештачката интелигенција, рече професорот на Универзитетот „Докјо“, Такаруо Моринага, додавајќи дека земјата која е подготвена за таа револуција, ќе го контролира светот.

Првата индустриска револуција ја покрена парната машина, втората електричната енергија, третата компјутерите, а сега е во тек четвртата.

Како што Германија подготви стратегија „Индустрија 4.0“ заедно со 57 водечки германски компании, со цел драстично да ги намали производните трошоци со комбинација на информатика и роботика, Јапонија треба да покрене слична програма, соопшти јапонското Мининистертсво за економија во својот извештај за оваа година.

Германија планира да создаде систем „Интернет работи“ со чија помош ќе дели податоци меѓу производните и маркетиншките процеси, без меѓусебна комуникација на луѓето и компјутерите, што производството ќе го направи поефтино.

Американската компанија „Џенерал Електрик“ и некои други промовираат „Индустриски интернет“, како интеграција на комплексни машини со вмрежени софтвери и сензори. Конкуренцијата го интензивира развојот на вештачката интелигенција во САД.

Корпорацијата ИБМ го развива системот „Вотсон“, кој може да учи од информациите и искуствата на луѓето. На полето на медицината, компјутерот чува информации од два милиони страници со медицински публикации и 1,5 милиони клинички податоци, така што може да анализира и да ги испита симптомите на пациентите и да дава препораки на лекарите за лекување.

ИБМ ангажираше 2.000 експерти и потроши 40 милиони долари за развој на „Вотсон“.

Според главниот пазарен економист при истражувачкиот институт „Мицухо“, Кацујукија Хасегава, Јапонија е прва во развојот и користењето на индустриските роботи.

Така јапонската Влада стратегијата за раст ја постави како „роботска револуција“.

Испораките на индустриските роботи на јапонските производители во 2012 година беа 50 отсто од светските испораки. Роботите широко се користат во фабриките за автомобили и електрониката. Владата планира да развива роботи кои ќе можат меѓусебно да контактираат преку интернет.

Се очекува дека роботите во Јапонија во иднина ќе го најдат својот пат во сите видови на работни средини, вклучувајќи ја медицинската нега, земјоделството, градежништвото, логистиката и управувањето со имотот. Министерството за индустрија предвидува дека на домашниот пазар, побарувачката за роботи во 2015 година ќе порасне на 9,7 трилиони јени.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Претставени девет човеколики роботи: Нема да правиме востание против луѓето

Катерина Ѓуровски

Во Белград почнаа со роботи за достава-квадратна кутија се движи низ главниот град

Предраг Петровиќ

Американските компании ги заменуваат работниците со роботи

А1он

Револуционерни роботи-земјоделци во Калифорнија

Ана Ололовска

Робот што може да работи и како наставник

Ана Ололовска

Австрија бара етички да се регулира користењето роботи-убијци на бојното поле

Жарко Настоски