Столтенберг: Силно приуство на Русија на истокот на Украина

Од:

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави денеска дека на истокот на Украина се уште постои „силно присуство на Русија“, во смисла поддршка на проруските сили.

– Во источниот дел на Украина, без сомнение, постои силно руско присуство, рече Столтенберг.

– Таму се руски сили, руска опрема и Русија и натаму ги обучува и им помага на сепаратистите, рече Столтенберг.

Договорот за прекин на огнот, се почитува, рече Столтенберг, што го нарече „охрабрувачки знак“.

Столтенберг наведе дека го поддржува продолжувањето на санкциите на ЕУ и САД против Русија се додека Москва не го промени однесувањето.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата