(ВИДЕО) Хан го чекаше Груевски за да започне пристапниот дијалог со ЕК

Од:

Премиерот, Никола Груевски, пристигна 15 минути по еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, во Министерството за финансии каде се одржува пленарна седница за Пристапните преговори на високо ниво (ХЛАД) со Европската комисија. Владини министри, претседатели на комисии, претставници од опозицијата и од Европската унија мораа да го чекаат пристигнувањето на премиерот.

Пристапниот дијалог на високо ниво денеска се возобновува по подолга пауза поради политичката криза во земјата. Високиот политички дијалог меѓу Европската Комисија и македонската Влада започна во 2012 година, а беше замрзнат по една година. Во неговото обновување аналитичарите гледаа можност за враќање на европската перспектива на земјата.

Во своето обраќање пред пратениците денеска во Собранието, Хан ги издвои прашањата што ќе бидат отворени за време на денешната седница. Вниманието ќе биде свртено на партизираноста на институциите, на политичките притисоци врз судството и медиумите и на економската ситуација во земјата, како зголемувањето на буџетскиот дефицит и големата невработеност. Владеењето на правото и независноста на медиумите ги издвои како области во кои се неопходни реформи.

На пристапниот дијалог од високо ниво присуствуваат потпреседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска, пратеничката на СДСМ, Лидија Димова, народниот правобранител, Иџет Мемети, претседателот на ДИК, Никола Рилковски, вицепремиерот, Муса Џафери, министрите за внатрешни работи, финансии и надворешни работи.

Би можело да ве интересира

Хан: Горд сум што придонесов за успехот на Преспанскиот договор

А1он

Средби на Димитров со Хан, Дендиас и Бартоло, во фокусот на разговорите нашата европска иднина

Драган Поповски

Хан: Борбата против корупцијата на високо ниво мора да продолжи

Татјана Ташкова

ВИДЕО: Мицкоски се сретна со Хан

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Заев: Очекувам до крајот на август да биде донесен законот за Јавно обвинителство

Габриела Димковиќ-Мишевска

(ВИДЕО) Хан: Уверен сум дека земјава во октомври ќе добие зелено светло

Габриела Димковиќ-Мишевска