Најмалку десет лица се убиени, меѓу кои тројца странци, во денешниот напад со автомобил бомба во центарот на Кабул, соопшти портпаролот на НАТО.
Авганистанските власти јавија дека во нападот има најмалку десет загинати и 60 повредени.
Загинатите странски државјани работеле за НАТО.
Експлозијата се случила во близина на приватна болница во Кабул. Автомобилот бомба бил паркиран до приватна болница. Според портпаролот на полицијата напаѓачот го активирал експлозивот додека минувал конвој возила на странски војници, јави ДПА.