Европската унија треба да помогне за возобновување на мировните преговоир меѓу Турција и Курдската работничка партија (ПКК) и евентулано би можела да стане набљудувач на преговорачкиот процес, изјави лидерот на курдската Демократска партија на народите (ХДП), Салахатин Демирташ во интервју за германската агенција ДПА.
– ЕУ треба да испрати јасна порака дека ПКК и Турција треба повторно да почнат да преговараат… и дека може да биде трета страна како набљудувач на тие разговори, смета Демирташ, чија партија е четврта политичка сила во турското Собрание.
Анкара досега ги отфрлаше сите предлози за вклучување на „трета страна“ во преговорите, нагласувајќи дека тие се внатрешна работа на Турција.
Демирташ смета и дека преговорите меѓу ПКК и Турција не треба да бидат затворени за јавноста. – Јавноста би требала да знае за што се разговара, вели Демирташ во интревјуто.
Мировниот процес меѓу Турција и ПКК, што започна кон крајот на 2012 година, пропадна минатиот месец, откако веќе неколку месец беше во ќорсокак. Со пропаѓањето на мировните преговори, ПКК објави крај на примирјето прогласено на почетоток на 2013 година.
Демирташ во интервјуто се залага за обнова на примирјето и за продолжување на миривните преговори.
– Надеж постои, но мора да работиме повеќе. Состојбата може да се подобри во следните денови или недели, смета Демирташ.
Осврнувајќи се на ќорсокакот околу формирањето нова влада во Турција по јунските парламентарни избори, Демирташ оценува дека земјата се движи кон нови избори, додавјаќи дека се надева оти примирјето ќе се возобнови и мировните преговори ќе продолжат пред нивното одржување.
Тој ја обвини Владата дека со обновените напади врз позициите на ПКК всушност има намера да ја зголеми својата поддршка во јавноста, со цел на новите избори владејачката Партија на правдата и развојот да го поврати парламентарното мнозинство, што по 13 години го загуби во јуни.