Бројот на киднапирани од Боко Харам при нападот во севрен Камерун во ноќта меѓу понеделникот и вторникот е зголемен на 135, соопшти камерунската полиција.
Нападот се случи во градот Чакамари близу границата со Нигерија.
Претходно имаше информации за 100 киднапирани. Во нападот Боко харам убиле осум луѓе меѓу кои две жени. Убиените биле членови на локалните сили за самоодбрана.
Исламистичката Боко харам е активна во северна и северозападна Нигерија и извршува напади и во соседни држави – Нигер, Камерун и Чад. Целта и е да создаде калифат на територијата на Нигерија.