Авганистанските талибанци избрале нов лидер, кој ќе го замени мула Омар, за кој се тврди дека е мртов, јавува Би-Би-Си, повикувајќи се на свои неименувани извори во Кабул.
Според истите извори, за наследник е избран мула Ахтар Мансур, досега заменик лидер на талибанците и „десна рака„ на мулата Омар.
Ваквата одлука на раководството, најверојатно, ќе предизвика длабоки поделби, па можеби и расцеп меѓу талибанците, затоа што повеќемина високи личности на ова милитантно исламистичко движење, не се соггласувале со изборот на Мансур, тврди Би-Би-Си.
Владата на Авганистан, вчера соопти дека досегашниот талибански лидер, мула Омар, е мртов, а таквата информација, подоцна, ја потврди и САД.
Талибанците на неколкупати досега ги отфрлаа како неточни пишувањата во светските медиуми за смрта на Омар, како и за тоа дека тој уште од минатата година не е меѓу живите.
Сегашните вести дека е именуван нов лидер, само потврдуваат дека тврдењето во странските медиуми, сепак, биле точни.
Со претходно направениот договор, утре требаше да се одржи нова рунда од мировните преговори на авганистанската влада и талибанците, но сега се јавува дека средвата е одложена за неопределно време.