Малолетни фудбалери од Западна Африка се шверцуваат во Азија

Од:

Фудбалери-тинејџери и малолетници, некои на возраст и од 14 години, од земјите на Западна Африка, се шверцуваат во Азија, каде се присилуваат да потпишат договори, открива Би-би-си.

Шестмина малолетни фудбалери играат за клубот „Чампасак јунајтед“ од Лаос, откако во февруари годинава во оваа земја во Југоистична Азија, биле префрлени од Африка во една нерегистрирана фудбалска академија.

ФИФА не дозволува трансфер на фудбалери во странски земји, пред играчите да наполнат 18 години.

Клубот од Лаос ги отфрла обвинувањата за повреда на фудбалските правила, но истрагата што е направена тврдила дека клубот иако е член на Првата лига во Лаос е од понов датум и дека неговите намери не се толку фудбалски, колку финансиски-да прави профит од препродавањето на младите фудбалери, доведени нелегално во Лаос.

Истрагата покажува дека овој клуб ги има прекршено прописите на ФИФА, затоа што во своите редови има доведено странски играчи на возраст меѓу 14 и 15 години.

Еден од нив, доведен од Либерија кој има само 14 години, изјавил дека бил натеран да потпише шестгодишен договор со клубот, пред да биде ставен да игра во првиот тим.

Сите овие фудбалери, не само што се „илегалци“ за ФИФА, туку илегално престојуваат, повредувајќи ги имиграциските закони во Лаос. Сите ја имаат злоупотребено визата, а клубот не може да им обезеди дозволи за работа, затоа што сите доведени се малолетници.

Околу 15.000 илјади фудбалери-тинејџери, секоја година се префрлаат од Западна Африка во Азија. Најголемиот број од нив, според наодите на Би-би-си, се доведени илегално.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нереални сцени: Во Африка падна снег

Се повеќе Европејци имаат необични миленици, издадено е предупредување дека се опасни

А1он

ВИДЕО: Паѓаат температурни рекорди во светот, горат Европа, Америка и Азија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Навивачка погина во стампедо: Тажен епилог на хаосот пред мечот во Мароко

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Тензиите се разгоруваат и на исток: Масовна тепачка меѓу кинески и индиски војници, Азија стравува од ескалација

А1он

САД ќе и дадат 55 милијарди долари на Африка во следните три години

Ана Ололовска