ФИБА се уште е против АБА лигата каде што игра МЗТ Скопје

Од:

Европската кошаркарска асоцијација (ФИБА) се уште нема дадено дозвола за продолжување на регионалната АБА Лига и покрај постигнатиот договор во вторникот, во Загреб, по што се чинеше дека кризата е завршена.

Екипите кои се дел од ова натпреварување, меѓу кои е и македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром, станаа целосни сопственици на лигата. Со тоа се надеваа дека ќе им биде симната забраната од страна на ФИБА, но од континенталната федерација на кошарката доаѓаат најави дека нема да го поддржат договорот од Загреб.

ФИБА ќе даде дополнителен рок до 29 јуни, кога клубовите повторно во Загреб ќе треба да потпишат нов договор кој ќе биде прифатлив за европската куќа на кошарката. Доколку не биде дадена дозвола за лигата, а клубовите решат да играат, националните федерации ќе бидат исфрлени од ФИБА, што значи дека нема да бидат дел од Европското првенство, кое се игра во септември.

Од МЗТ најавија дека клубските потреби нема да ги стават пред државните и дека нема да дозволат македонската репрезентација да го пропушти еврособирот.

Би можело да ве интересира

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Нови тројца српски кошаркари се суспендирани од ФИБА поради учество во местење натпревари

ВИДЕО: Германците до историска светска титула, Србија падна во финалето

Катерина Ѓуровски

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

Илиевски: Честитки за Борац, повредите и загубените топки не чинеа пораз

Ана Ололовска

Машката кошаркарска репрезентација едно место погоре на листата на ФИБА

А1он