Илиевски: Честитки за Борац, повредите и загубените топки не чинеа пораз

Од:

Тренерот на Пелистер, Марјан Илиевски, ги сумираше впачатоците по вториот неуспех на неговите кошаркари на „балонот“ во Сараево и синоќешниот пораз 86:101 од лидерот во АБА 2 лигата, Борац од Бања Лука.

– Дојдовме во овој „балон“ со скратена ротација, а Хотон и Караџовски ни се повредија на првиот натпревар против Широки. Противникот по транзиција и по наши загубени топки, се одлепи. Сакам да му честитам на ривалот за победата, а на моите играчи да им посакам што побрзо да се вратат во полн ритам на терен, изјави Илиевски.

Актуелниот лидер во македонско кошаркарско првенство остана на една победа во регионалната лига по шест натпревари, пред третиот и последен дуел на „балонот“ во Сараево, в сабота од 12. часот, против Златибор.

Вториот македонски претставник во АБА 2 лигата, МЗТ Скопје Аеродром вечерва со почеток од 21. часот ќе ги одмери силите со домаќинот на турнирот, екипата на Спарс.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

ТФТ со пораз од Горица ги загуби шансите за плејоф во АБА 2 лигата

Ана Ололовска

НЛБ Групација и АБА Лига ј.т.д. – Заедно пишуваме ново регионално поглавје во кошарката

Ана Ололовска

Одложен четвртиот балон од АБА 2 лигата

Трет пораз на Пелистер во АБА 2 лигата

А1он

АБА2: МЗТ Скопје Аеродром го порази Пелистер во „македонското дерби“

А1он