Од чија неодговорност беше разочаран Хан?

Од:

Остана недообјаснет твитот на евркомесарот, Јоханес Хан, кој беше објавен вчера по завршувањето на лидерската средба во Брисел, каде Хан изразува разочараност дека „некои“ страни во разговорите покажале неодговорност и недостаток на лидертство.

Портпаролката на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Маја Коцијанчиќ, на барање да прецизира на кого мислеше еврокомесарот, одговори дека сите страни имаат одговорност за решавање на политичката криза и порача што е можно побрзо да се дојде до компромис.

-Постојат различни нивоа на одговорност и нема да истакнам или да именувам ниту едно од нив. Должност е на сите партии да најдат конечен политички компромис без никакво одложување и да дадат конкретни предлози за финализирање на преговорите кои се засноаваат на договорот од 2-ри јуни – вели Коцијанчиќ.

Веднаш по првиот твит на Хан следеше втор каде тој порача дека граѓаните на Македонија заслужуваат подобро: демократија, владеење на правото и европска иднина. Тој порача дека ЕУ не се откажува и покрај неуспешната 12-часовна средба.

Андеја Стојковски и Бојан Маричиќ од Македонски центар за европско образование, сметаат дека Груевски има поголема одговорност за исходот на преговорите затоа што во него е сконцентрирана моќта.

-Одговорноста паѓа на тој што ја има моќта, во случајов опозицијата нема моќ да смени нешто во државата. Изјавата на Хан може да реферира само на власта затоа што со моќта доаѓаат одговорностите – вели Стојковиќ.

Маричиќ смета дека со двата твита се прави баланс во притисокот што Европксата комисија се обидува да го изврши врз преговорачките страни.

-Тоа се два врзани твитови што значи дека е порака за двете страни. Едните да бидат попопустливи во преговарањето, мислејќи на опозицијата. Другата страна, пак, според вториот твит, треба да сфати дека не смее да се оди против овие принципи на демократијата. Сепак притисокот треба да биде насочен кон Груевски затоа што одговорноста е кај него – вели Маричиќ.

Преговорите завршија без конкретен резултат затоа што двете страни не попуштија од своите цврсто втемелени позиции. Заев бара оставка од Груевски како предуслов за формирање на преодна владата која ќе управува со земјата во транзициониот период, додека Груевски ова барање го нарекува „невозможен услов“. По средбата лидерите на двете партии меѓусебно се обвинуваат за неуспехот на истата.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

Бесими-Хан: Направени се суштински реформи во управувањето со јавните финансии во Република Северна Македонија

Хан: Горд сум што придонесов за успехот на Преспанскиот договор

А1он

Хан: Западен Балкан и припаѓа на Европа

Ландов

Хан: Ситуацијата мора да се гледа со голема загриженост поради овластувањата на Орбан

Ана Ололовска

Средби на Димитров со Хан, Дендиас и Бартоло, во фокусот на разговорите нашата европска иднина

Драган Поповски

Хан: Борбата против корупцијата на високо ниво мора да продолжи

Татјана Ташкова