Силни безбедносни мерки во Тирана поради посетата на Вучиќ

Од:

Големи безбедносни мерки од синоќа се бидат преземени од страна на албанските надлежни институции поради денешната посета на српскиот премиер Александар  Вучиќ.

Во рамките на безбедносните мерки целосно за сообраќај се блокирани многу улици и неколку плоштади, влезот на автопатот Драч-Тирана и сообраќајот се пренасочва по стариот пат, се воведува забрана за паркирање на дваесеттина улици, а под големо полициско обезбедување е и српската Амбасада во Тирана.

За безбедноста на српскиот премиер, кој во Тирана треба да пристигне претпладне ќе бидат ангажирани најмалку 1.500 припадници на Министертвото за внатрешни работи и гардисти, а  градот ќе го надлетуваат и полициски хеликоптери.

Посетата на Вучиќ, која е прва посета на српски премиер на Албанија, освен домашни  ќе ја следат и голем број странски новинари.

Во текот на утрешниот ден Вучиќ освен средбата со неговиот домаќин, Еди Рама, ќе биде примен и од други албански високи функционери, а планирана е средба и со лидерот на опозицијата и градоначалникот на Тирана, Љуљзим Баша.

В четврток тој ќе учествува на Виенскиот еконоски форум на кој ќе учествуваат премиери на земјите од Јадранската и црноморската иницијатива.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Нови детали од последните часови на несреќната Алма која со трите деца се удави во реката Бојана

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски