Тачи најави тужба против Србија за геноцид

Од:

Косовскиот министер за надворешни работи Хашим Тачи на седница на Советот за безбедност на ОН за Косово рече дека Приштина наскоро ќе покрене тужба против Србија за геноцид и ќе побара отштета.

Според него, за тоа се подготвува соодветна документација. Тачи додаде дека Приштина ќе побара независна меѓународна истрага за настаните во Куманово кога во оружен судир загинаа осуммина македонски полицајци и 14 напаѓачи.

– Косовската полиција го осудува насилството. Нема да поддржиме ниту една акција што би ја дестабилизирала Македонија. Силно го поддржуваме Охридскиот договор, наведе Тачи.

Како што јави Танјуг, наводите за формирање голема Албанија тој ги отфрли како неосновани и оцени дека Белград и Приштина наскоро треба да пристапат кон „меѓусебно признавање“.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски