Горан Свилановиќ реизбран за генерален секретар на Советот за регионална соработка

Од:

Учесниците на Самитот на Процесот за соработка во Југоистична Европа, што се одржа во Тирана, го реизбраа Горан Свилановиќ на функцијата генерален секертар на Советот за регионална соработка, јави денеска Фена.

На Самитот е усвоена и декларација со која се изразува поддршка на годишниот извештај за работата на Советот за регионална соработка.

Домаќинот на Самитот, албанскиот претседател Бујар Нишани му го честиташе реизборот на Свилановиќ и му изрази целосна поддршка во неговите напори за остварување на важната мисија на Советот за регионална соработка.

Свилановиќ беше министер за надворешни работи на некогашна СР Југославија, а потоа и на државната заедницата Србија и Црна Гора од 2000 до 2004 година, по што стана претседател на Работната маса за демократизација и човекови права на Пактот за стабилност на Југоисточна Европа, а потоа од 2008 до 2012 беше координатор за економски и еколошки активности на ОБСЕ. Функцијата генерален секретар на Советот за регионална соработка ја презеде на 1 јануари 2013 година.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Нови детали од последните часови на несреќната Алма која со трите деца се удави во реката Бојана

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски