Малезискиот премиер ќе бара соработка на Мјанмар во решавање на кризата предизвикана од брановите бегалци

Од:

Премиерот на Малезија Наџиб Разак денеска побара Мјанмар да соработува во решавањето на проблемите што ги предизвикуваат брановите бегалци од Мјанмар, нарекувајќи го сегашниот егзодус најголема хуманитарна катастрофа во регионот по завршувањето на Виетнамската војна.

Изјавата на малезискиот премиер доаѓа по вчерашното соопштение дека Мјанмар нема да учествува на регионалната конференција посветена на проблемот на бегалците, која во Бангкок треба да се оддржи на 29 мај. Разак изјави дека ќе направи се за ги убеди властите од Мјанмар да соработуваат. Малезија инсистира на соработка од страна на Мјанмар бидејки најголем дел од бегалците се нејзини сограѓани од малцинското племе Рохингја. Припадниците на ова племе, поради верска тортура и голема сиромаштија бараат спас како илегални работници во другите држави од регионот, најмногу во Малезија.

Малезија, Индонезија и Тајланд се најдоа под силен притисок на ОН, повеќе држави и меѓународни хуманитарни организации, бидејќи во последниве десетина дена одбиваат да им дозволат на бродовите преполни со прегладнети и болни бегалци од Мјанмар и Бангладеш да пристапат до копното. Малезија дури беше обвинета дека употребува преголема воена сила за да ги натера бродовите со бегалци да ги напуштат нејзините територијални води. Слично прави Индонезија, која пред 4 дена дозволи на еден нејзин остров од два брода да се истоварат 600 бегалци, иако се претпоставува дека во превлаката Малака и во Бенгалскиот залив има бродови во кои се наоѓаат педесетина илјади бегалци.

Би можело да ве интересира

Тајфунот Јаги усмрти најмалку 74 лица во Мјанмар

ВИДЕО: Во воздух се судрија два малезиски воени хеликоптери, загинаа десетмина

Малезија бара нова истрага за исчезнатиот МХ-370

А1он

Малезија има нов крал

Воен авион од Мјанмар се излизга од пистата при слетување, има повредени

Малезија: Најмалку 10 загинати по авионска несреќа на автопат