Воен авион од Мјанмар се излизга од пистата при слетување, има повредени

Од:

Вкупно 12 лица се повредени, од кои четворица потешко, кога воен авион од Мјанмар, кој доаѓал да земе војници во Индија, се излизгал од пистата при слетување.

Станува збор за авион Шанкси И-8 од кинеско производство, а инцидентот се случил на аеродромот Ленгпуи во индиската држава Мизорам, која граничи со Мјанмар.

Авионот дојде да земе 92 мјанмарски војници кои нашле засолниште во Индија во средината на јануари, бегајќи од напредувањето на вооружените бунтовници кои се борат против владејачката хунта.

Тоа е последниот контингент од 276 војници кои побегнале под притисок на бунтовниците.

Би можело да ве интересира

Авион се урна во Њујорк

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

(ВИДЕО) Се урна авион во Полска, засега не се знае дали има преживеани

(ВИДЕО) Руски авион Суперџет се урна во Подмосковље, загинаа сите членови на екипажот

(ВИДЕО) Се запали опремата за слетување во авионот на саудиска компанија, патниците се евакуирани

ВИДЕО: Драматична снимка од летот на Боинг: Луѓето хипервентилираа, авионот во слободен пад