Штајнмајер: Руско признавање на сепаратистичките републики во Донбас ќе го заостри конфликтот

Од:

Евнтуалното признавање на семопрогласените „народни републики“ во Донбас како независни држави од страна на Русија, екстремно ќе го искомпликува мировниот процес на истокот од Украина, предупреди германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмајер.

– Територијалниот интегритет на Украина мора да се зачува, порача Штајнмајер, додавајќи дека тоа е предвидено и со Договорот од Минск за прекин на огнот во Украина, на што се согласија сите потписници, вклучувајќи ги и проруските сепаратисти од Донбас.

Како што јави Укринформ, ваквата изјава на Штајнмајер уследи откако рускиот претседател Владимир Путин не ја исклучи можноста Русија да ја признае независонсота на самопрогласените „Доњецка Народна Република“ *ДНР) и „Луганска Народна Република“ (ЛНР).

Во саботата прорускиот сепаратистички лидер од Доњецк, Александар Закарченко побара од Киев да ја признае независноста на сампрогласените „народни републики“ во Донбас

– Договорот од Минск за прмирје во источна Украина нема да успее се додека Киев не ја признае независноста на ДНР и ЛНР, изјави Закарченко за Би-Би-Си, оценувајќи дека украинската Влада „не го спроведува правилно“ Договорот од Минск, затоа што, според него, „не сака да ги реши сите прашања“.

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина