Вучиќ ја поздрави реакцијата на ЕУ за изјавата на Рама за обединување на Албанија и Косово

Од:

Српскиот премиер Александар Вучиќ денеска изјави дека е добро што ЕУ реагираше на изјавата на албанскиот премиер, Еди Рама, за можно обединување на Косово и Албанија, иако, како што забележа, Унијата „тоа го направи срамежливо“.

– Крајно време е да се престане со прекројување на границите на Балканот, рече премиерот Вучиќ, пренесува Танјуг.

Премиерот пред новинарите во Крупањ, каде присуствуваше на отворање на фабриката за текстил „Џинси“, наведе дека Србија ќе продолжи со мирољубивата политика, но дека не може да премолчи на стотиците изјави со ваква соддржина.

-Затоа вчера реагирав и кажав дека навистина е крајно време да се престане со прекројување на границите, да се престане со нешто што ќе ги загрози и стабилноста и мирот на Балканот. Добро е, иако е срамежливо тоа што ЕУ го направи, што реагираа на каков било начин, рече Вучиќ.

„Ние и натаму ќе бараме добри односи со Албанија и ќе инсистираме на тоа, но во секој момент јасно ќе им ставиме до знаење што е тоа што може, а што е тоа што не може да пројде на Балканот“, нагласи Вучиќ.

Изјавите на премиерот на Албанија, Еди Рама, и на косовскиот министер за надворешни работи, Хашим Тачи, за обединување се неприфатливи провокации и не се во согласност со политиката на соработка во регионот, соопшти портпаролката на Европката комисија, Маја Коцијанчич.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија