Група, која регрутира членови на Исламската држава (ИД), е разбиена во мароканскиот град Фес, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Шефот на групата одржувал тесни врски со лидери на џихадистичката организација. Регрутираните Мароканци биле испраќани во кампови во зоната на сириско-ирачкиот конфликт, каде требале да поминат интензивна обука за употреба на оружје. Членовите на групата добивале значителни финансиски средства од странство за трошоците за транспорт на новите борци.
Засега нема информации кога била спроведена операцијата, ниту колку лица се уапсени. Акцијата е организирана од Централното биро за судски истраги – нова државна структура, создадена минатиот месец во рамки на зајакнување на борбата против тероризмот.
Околу 1.500 Марокаци досега се приклучиле кон организации како што е ИД.