Како се формираат отпечатоците на прстите и дали можат да се регенерираат?

Од:

Нешанл Џеографик – Вашингтон

Веќе во фетусниот период стекнуваме свој идентитет и уште пред раѓањето имаме целосно единствени спирали, агли и криви линии на краевите на прстите. Како настануваат овие отпечатоци и што може да се случи ако тие исчезнат?

Иако научниците се согласуваат дека отпечатоците на прстите се развиваат околу 10-та недела во бременоста и дека се формирани веќе до крајот на четвртиот месец, никој не е сигурен кој процес точно ги создава. Една теорија наведува дека средниот слој на кожата која се вика основен слој, се свиткува меѓу внатрешниот слој – дермис и надворешниот слој – епидермис. Бидејќи основниот слој се напрега меѓу околните, притисокот влијае на тоа кожата да се витка, формирајќи набори на епидермисот во дермисот, што е резултат на комплексни шаблони кои ги гледаме на нашите прсти денес.

Се верува дека и нервите имаат улога во тој процес, бидејќи се сметаат за потекло на сила која го влече епидермисот. Интересно е дека токму шаблонот кој е втиснат меѓу дермисот и епидермисот е тоа што отисоците на прстите ги прави трајни и неуништиви и покрај површински повреди на кожата.

Наборите на прстите посебно се подложни на трошење. Ѕидарството често се користи како пример на константа активност која може да ги истроши отпечатоци, правејќи ги неприкладни за лична идентификација. Исто така, некои поединци како криминалците, намерно ги горат своите отпечатоци со киселина или оган.

Всушност, заболените од рак кои се лечат со одредени форми на хемотерапија исто така можат повремено да ги изгубат своите отпечатоци. Во процесот познат како хемотераписки предизвикан акрален еритем, со хемиско лечење со капецитабин, доаѓа до отекување и лупење на дланките на рацете и табаните на стапалата, а со тоа и исчезнување наотпечатоците со се кожата.

Меѓутоа, во повеќето случаи, поради забрзани шаблони во подлабоките слоеви на кожата, еднаш кога ќе престане изложувањето на абразивни, каустични или други штетни услови,отпечатоци повторно ќе израснат.

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ