ВИДЕО: Тунис стана најголем „извозник“ на исламски терористи?

Од:

Дваесет и седумгодишниот Валид од Дуар Хишер во Тунис, пред еден месец го напуштил својот дом и семејството, наводно за да работи во Либија, но оваа држава била само станица, од каде што требало да се поврзе со борците на ИСИС.

Според податоците на туниското Министерство за внатрешни работи, околу 3.000 граѓани на Тунис заминале во граѓанската војна во Сирија, при што повеќето се борат против силите на претседателот Башар ал Асад.

Компанијата за безбедносен консалтинг „Суфан груп“, имајќи ги во предвид 11-те милиони жители на Тунис наведува дека од оваа држава заминале повеќе борци во ИСИС, во однос на Саудиска Арабија и Турција.

Во недостаток на силен безбедносен апарат, каков што имаат авторитарните држави, Тунис стана плодно поле за екстремистите кои регрутираат сили, за што е потврда и минатонеделниот терористички напад на музејот во центарот на Тунис, за кој одговорност презеде Исламска држава.

Локалното население смета дека најмалку 40 момчиња од Дуар Хишер заминале да се борат во Сирија.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Четворица осудени на смрт, двајца на доживотен затвор за убиство на политичар во Тунис

Туниската полиција уапси стотици мигранти во крајбрежниот регион Сфакас

ВИДЕО: Хаос во Тунис, српските туристи за малку ќе се степаа со хотелиерите откако добија мувлосани соби

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Во напад пред синагога во Тунис: Полицаец уби двајца верници и колега, убиен е и напаѓачот

Горан Наумовски

Ердоган: Турските разузнавачи го убија лидерот на Исламската држава

Ана Ололовска

ВИДЕО: Фудбалерот Низар Ал-Исави почина откако се самозапали

Предраг Петровиќ