Од 2002 година досега во Мароко се разбиени 132 терористички групи и уапсени се 2.720 наводни терористи, изјави Абделхак Хијам, директор на Централното биро за судски истраги, кое е ново создадено Министерство во земјата.
Операциите на мароканските безбедносни сили во последните 13 години спречиле 276 терористички напади, меѓу кои експлозии, убиства, киднапирања, вооружени напади.
Хијам истакна дека при операција во неделата за разбивање на голема терористичка група, поврзана со џихадистичката Исламска држава (ИД), во Мароко биле уапсени 13 лица на возраст од 19 до 37 години. Тие се снабдиле со оружје преку шпанската енклава Мелиља и планирале да киднапираат војници и политичари во Мароко. Повеќето од апсењата биле извршени во крајбрежниот марокански град Агадир.
Конфискувани се 440 куршуми, шест пиштоли и 31 лисици за раце за време на претрес на објектот, поврзан со терористите. Засега е утврдено дали осомничените имале врска со терористички групи во Европа.