Околу 400.000 потписи на петицијата за „помилување“ на Џереми Кларксон

Од:

Околу 400.000 илјади луѓе се потпишаа на петицијата на интернет, со која се бара „помилување“ на Џереми Кларксон, главниот водител на популарната емисија за автомобилизам „Топ Геар“ кој управата на Би-би-си го суспендира, затоа што му удрил тупаница во лице на еден од продуцентите на компанијата.

Покрај суспензијата на Кларксон (54) Би-би-си во последен момент одлучи да ја симне од програмата епизодата што требаше да се прикаже во неделата, а најави дека нема да ги прикаже ниту последните две снимени епизоди од оваа серија емисии „Топ Геар“.

Бројот на симпатизерите на емисјата и нејзините гледачи кои бараат тој да се врати во водителската тројка и да бидат прикажани „забранетите“ емисии, но претставник на Би-би-си, изјави дека Кларксон уште во минатата година бил предупреден со „последна опомена“ дека ќе биде тргнат од програмата,доколку предизвика некаков нов инцидент.

Овој водител,познат по својот „долг јазик„ и честопати непријатните коментари,правеше шеги на својата интерент страница за суспензијата.
На Твитер тој сепак зебележа дека Би-би-си би требало да ги прикаже последните три снимени епизоди,затоа што во целиот овој случај „гледачите не би требало да бидат казнети“.

Еден од тројцата водители,Џејмс Меј за радио Би-би-си изјави дека ситуацијата сепак не е толку драматична. – Не мислам дека инцидентот беше толку сериозен, рече Меј.

Емисијата „Топ Геар“ првпат е емитувана како програма на локална телевизија во централна Англија,во 1977 година. Во сегашниот облик се прикажува од 2002 година, досега се направени 170 епизоди и таа во целиот свет има повеќе од 350 милиони гледачи.

На Јутјуб програмата има три милиони претплатници, додека списанието „Топ Геар“ се продава во 1,7 милиони примероци.

Би можело да ве интересира

Светските медиуми испратија писмо до израелските власти, меѓу нив BBC, CNN, AFP

Во случајот со водителот на Би-Би-Си нема кривично дело, тврди лондонската полиција

Скандал во Би-Би-Си: Познат водител е манијак, го криеле неговото име додека не проговори неговата сопруга

Би-би-си го повлече Гери Линекер од програма поради твит против владата

Би-Би-Си за несреќата кај Киев: Летањето на мала височина помага да се избегнат ракети, но носи ризици и е исклучително стресно за пилотите

А1он

Би-Би-Си го осуди апсењето на својот новинар, кој известуваше за демонстрациите во Шангај

А1он